logo
Капачето на среќата!

Сега, кога пиете Ladna можете да бидете добитник на среќно капаче! Секој ден ве очекуваат вредни и возбудливи награди. Затоа, не пропуштајте, освежете се со Ladna и свртете го капачето на среќата. Наградата може да биде токму ваша!

voda

Како да учествувате?

step 1

Купете Ladna во пакување од 1,5 л, 1 л, 0,5 л или 0,33 л.

step 2

Испратете го кодот под капачето преку СМС на бројот 145111 или преку веб-страницата nagradnaigraladna.mk. Задолжително чувајте го капачето до крајот на наградната игра.

step 3

Следете ги резултатите од дневните, неделните и од главното извлекување што ќе бидат објавени на нашата веб-страница.

РЕГИСТРАЦИЈА

Се согласувам податоците да бидат обработени согласно Правила на игра

НАГРАДИ

Ексклузивна главна парична награда

300.000 денари!

Главни
награди

Главни
награди

Неделна
награда

Дневна
награда


Датуми на извлекување

Извлекувањето на ексклузивната награда и на главните награди ќе биде на 17.7.2024 година.

Извлекување на неделната награда ќе биде на: 22.5.2024 година, 29.5.2024 година, 5.6.2024 година, 12.6.2024 година, 19.6.2024 година, 26.6.2024 година, 3.7.2024 година, 10.7.2024 година, 17.7.2024 година.

Дневните награди ќе се извлекуваат секој ден од 16.5.2024 година до 17.7.2024 година.

woman with water

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА
“КАПАЧЕТО НА СРЕЌАТА”

Врз основа на член 125, 126, 127, 128 и 129 од Законот за игрите на среќа и забавните игри (Службен весник на Република Северна Македонија бр.24/2011, 51/2011, 148/11, 74/2012, 27/201/, 139/2014, 61/2015, 154/2015, 23/2016, 90/2017 и 251/22), Друштвото за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје со седиште на ул. Столтенбергова бр.2, Скопје и ЕДБ 4030000400832 на ден 28.02.2024г. ги донесе следните:

ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА “КАПАЧЕТО НА СРЕЌАТА”

Член 1

Приредувач на наградната игра „КАПАЧЕТО НА СРЕЌАТА” (во понатамошниот текст: наградна игра) е Друштво за трговија и услуги МАГРОНИ ДОО Скопје со седиште на ул. Столтенбергова бр.2 Скопје (во понатамошниот текст: Приредувач).

ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 2

Име на наградната игра е “КАПАЧЕТО НА СРЕЌАТА”.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Наградната игра „КАПАЧЕТО НА СРЕЌАТА” ќе трае 63 денови, започнувајќи од 15.05.2024 во 00:00:01 часот и ќе трае трае до 16.07.2024 во 23:59:59 часот.

МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 4

Наградната игра се организира и се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија.

ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРАЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 5

Целта на оваа наградна игра е рекламирање и промоција на производот – изворска вода Ладна во PET пакување од 1,5л, 1л, 0,5л и 0,33л.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Член 6

Право на учество во наградната игра имаат сите физички лица со навршени 18 години, жители на Р.С.Македонија (во понатамошниот текст “учесници”), кои ги прифаќаат условите на овие Правила и кои за време на наградната игра ќе купат наградно шише изворска вода Ладна од 1,5л, 1л, 0,5л или 0,33л и ќе го испратат кодот под капачето преку СМС порака на телефонскиот број 145111 од кој било мобилен оператор во државата или преку веб страницата на наградната игра nagradnaigraladna.mk.

Учесниците во наградната игра ќе можат да испраќаат кодови преку СМС порака или веб страницата од 15.05.2024 година од 00:00:01 часот до 16.07.2024 година до 23:59:59 часот. Со учеството во наградната игра, учесниците потврдуваат дека се целосно запознаени со одредбите на овие Правила и ја изразуваат својата согласност за прифаќање на истите.

НАЧИН НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 7

Во наградната игра “КАПАЧЕТО НА СРЕЌАТА” може да се учествува преку испраќање на кодот преку СМС порака на бројот 145111 или преку веб страницата на наградната игра nagradnaigraladna.mk.

СМС пораката на бројот 145111 се испраќа со внесување на кодот кој е впишан под капачето. Наведениот телефонски број важи за сите мобилни оператори во земјата, без користење на префикс (цената на CMC пораката изнесува 5,9 денари со вклучен ДДВ).

Кодот кој е впишан под капачето се исппраќа преку веб страницата nagradnaigraladna.mk, со внесување на задолжителни податоци: име и презиме, телефонски број и град.

Секој учесник во наградната игра е должен капачето со испратениот код да го чува до крајот на нагрданата игра, односно до подигнувањето на потенцијалната награда, како услов за да ја добие наградата.
Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати, но со испраќање на различни кодови. Секое капаче со код може да се користи само еднаш.
Сите испратени кодови преку CMC или преку веб страницата, во периодот од 15.05.2024 година од 00:00:01 часот до 16.07.2024 година до 23:59:59 часот учествуваат во наградната игра, додека сите испратени кодови преку СМС или преку веб страницата пред започнувањето на наградната игра (пред 15.05.2024 година 00:00:01 часот), како и сите испратени кодови преку CMC или преку веб страницата по завршувањето на наградната игра (по 16.07.2024 година по 23:59:59 часот), нема да учествуваат во наградната игра.

Сите испратени кодови преку CMC пораки или преку веб страницата, ќе бидат верификувани од страна на приредувачот на наградната игра. По верификувањето, секој учесник во наградната игра ќе добие повратен одговор.

Повратните одговори се следните:

  • Кога учесникот праќа целосна/точна порака (кодот под капачето), системот испраќа одговор дека испраќачот е регистриран за учество во наградната игра и дека треба да го чува капачето за доказ доколку добие награда.
  • Доколку учесникот испрати нецелосна порака, системот испраќа одговор дека испратената порака не е валидно форматирана со известување да се испрати порака во правилен формат.
  • Доколку се испрати празна порака, системот испраќа одговор дека пораката е празна и дека е потребно да се изврши исправна регистрација.
  • Доколку бидат испратени податоци со претходно испратен код под капачето, системот испраќа одговор дека испратениот код е веќе регистриран.
  • Доколку биде испратена порака во периодот пред почетокот на наградната игра, системот испраќа одговор дека наградната игра сè уште не е започната.
  • Доколку биде испратена порака во периодот по завршувањето на наградната игра, системот испраќа одговор дека наградната игра е завршена.

Секој код кој ќе биде добитен, нема да учествува во понатамошните извлекувања. Сите недобитни кодови учествуваат во сите останати извлекувања до крајот на наградната игра, до 16.07.2024 до 23:59:59 часот.

ЗАБРАНА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 8

Вработените во ДТУ МАГРОНИ ДОО Скопје и ТД ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС ДООЕЛ Скопје, како и членовите на нивните потесни семејства немаат право на учество во наградната игра.

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ СО ПРАВИЛАТА НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 9

Пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласнот од Министерство за финансии, учесниците во наградната игра ќе бидат известени за начинот и условите за учество во наградната игра како и за нејзиното времетраење преку објавување на правилата на социјалните медиуми и на веб страницата nagradnaigraladna.mk, телевизиски спот и преку некои промотивни материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (лифлети или постери или воблери или прајс-тагови или шелф-токери).

НАГРАДЕН ФОНД

Член 10

Наградната игра располага со следниот фонд на награди:

  • Ексклузивна главна парична награда
  • Мобилен телефон Apple iPhone 15
  • Playstation 5 Slim Blu-Ray
  • Смарт часовник Garmin Vivoactive 5
  • JBL звучник Clip 5


Опис Количина Единечна цена со вклучено ДДВ Вкупна цена со вклучено ДДВ
Ексклузивна главна парична награда 1 300.000,00 300.000,00
Мобилен телефон Apple iPhone 15 3 54.398,00 163.194,00
Playstation 5 Slim Blu-Ray 3 28.990,00 86.970,00
Смарт часовник Garmin Vivoactive 5 9 17.082,00 153.738,00
JBL звучник Clip 5 63 2.990,12 188.378,00
Вкупно 892.280,00


Добиените награди не можат да се заменат за пари, други награди или услуги.

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 11

Наградната игра започнува на 15.05.2024 во 00:00:01 и ќе трае до 16.07.2024 во 23:59:59.

Еднаш дневно ќе се извлекува по една награда т.е. по еден JBL звучник Clip 5 или вкупно 63 извлекувања кои ќе се одржат на следните датуми: 16.05, 17.05, 18.05, 19.05, 20.05, 21.05, 22.05, 23.05, 24.05, 25.05, 26.05, 27.05, 28.05, 29.05, 30.05, 31.05, 01.06, 02.06, 03.06, 04.06, 05.06, 06.06, 07.06, 08.06, 09.06, 10.06, 11.06, 12.06, 13.06, 14.06, 15.06, 16.06, 17.06, 18.06, 19.06, 20.06, 21.06, 22.06, 23.06, 24.06, 25.06, 26.06, 27.06, 28.06, 29.06, 30.06, 01.07, 02.07, 03.07, 04.07, 05.07, 06.07, 07.07, 08.07, 09.07, 10.07, 11.07, 12.07, 13.07, 14.07, 15.07, 16.07, 17.07.2024 во 13 часот.

Еднаш неделно ќе се извлекува по една награда т.е. по еден смарт часовник Garmin Vivoactive 5 или вкупно 9 извлекувања кои ќе се одржат на следните датуми: 22.05, 29.05, 05.06, 12.06, 19.06, 26.06, 03.07, 10.07, 17.07.2024 во 13 часот.

Главни награди:

  • 1 ексклузивна главна парична награда од 300.000 денари
  • 3 Apple iPhone 15
  • 3 Playstation 5 Slim Blu-Ray

ќе се доделат на последното извлекување кое ќе се одржи на 17.07.2024 во 13 часот. Во извлекувањето на главните награди ќе учествуваат сите недобитни кодови испратени од почетокот на наградната игра од 15.05.2024 во 00:00:01 до крајот на наградната игра до 16.07.2024 во 23:59:59 часот.

Добитниците ќе се извлекуваат по случаен избор со помош на компјутерска програма-софтвер за извлекување, која ќе избира од базата на податоци по основ на пратени кодови од секој учесник. Софтверот за испрaќање кодови преку СМС пораки или преку веб страницата nagradnaigraladna.mk е изработен од: ТД ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС ДООЕЛ Скопје, ул. 11-ти Октомври бр. 25 кат 7, Скопје, каде ќе се врши и извекување на добитниците.

Добитниците на награди ќе бидат извлекувани поединечно по наведениот редослед.

Доколку добитникот не се јави во предвидениот рок, не го достави на увид капачето со наградениот код и/или не ги исполнува барањата од овие Правила, соодветната награда нема да се додели.

Доставеното капаче со наградениот код и податоците треба да соодвествуваат со кодот и податоците испратени во пораката која е извлечена како добитник.

Приредувачот нема да сноси никаква одговорност за пораките што не ги содржат потребните информации и истите нема да бидат земени во предвид како валидни. По автоматското извлекување на добитниците, истите ќе бидат објавени на веб страната на наградната игра (nagradnaigraladna.mk). Извлекувањата на добитниците на наградите ќе ги контролира комисија составена од два члена: овластен претставник на МАГРОНИ ДОО Скопје и овластен претставник на ТД ТЕРА КОМУНИКЕЈШНС ДООЕЛ Скопје. Комисијата води записник во текот на извлекувањето.

Едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати.

Член 12

Резултатите, односно телефонските броеви на добитниците, со заштитени последни 3 броја, ќе бидат објавени веднаш по извлекувањето на веб страницата на наградната игра (nagradnaigraladna.mk), а најдоцна во рок од 24 часа од завршувањето на секое извлекување. Секој добитник на награда ќе биде известен на телефонски број преку СМС порака и ќе бидат контактирани телефонски од страна на приредувачот.

Добитниците на ексклузивната главна парична награда, главните, неделните и дневните награди треба да се јават во дирекцијата на приредувачот на наградната игра МАГРОНИ ДОО Скопје на ул.Столтенбергова бр.2, најдоцна во рок од 60 дена од добивањето на пораката, секој работен ден, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.

При преземање на наградите добитниците се должни да се идентификуваат со документ за лична идентификација, да го предадат на увид капачето чиј код е добитен, како и да потпишат изјава и/или записник за примопредавање/преземање на наградата. Во случај кога добитникот од било кој причина не е во состојба да ја подигне наградата лично, истата може да биде предадена на трето лице врз основа на заверено полномошно кај надлежен нотар потпишано од страна на добитникот.

Приредувачот не може и нема да биде одговорен, доколку добитникот поради било која причина, не е достапен во период од 60 дена по неговото извлекување и информирање, по што тој/таа го губи правото на наградата. Приредувачот нема да има дополнителни одговорности кон добитникот.

ДАНОЧНИ ОБВРСКИ НА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 13

Приредувачот е одговорен за сите даноци, надоместоци и финансиски одговорности поврзани со наградите вклучувајќи го и персоналниот данок на доход.

ПРИГОВОРИ НА УЧЕСНИЦИТЕ

Член 14

Незадоволниот учесник има право да поднесе писмен приговор до приредувачот на наградната игра, во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на секој од добитниците и тоа на адреса ул. Столтенбергова бр.2 Скопје.

Приредувачот е должен писмено да одговори на приговорот во рок од 5 (пет) дена од приемот на истиот.

ОДГОВОРНОСТ

Член 15

Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува да учествува во наградната игра согласно наведените правила на сопственик ризик.

Приредувачот не одговара за евентуалните штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.

Приредувачот не одговара во случај кога добиената награда не може да биде доделена поради неможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки поврзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.

ПРЕСТАНОК НА ОБВРСКИТЕ

Член 16

Од моментот на преземање на наградата, престануваат сите обврски на приредувачот кон добитникот на наградата.

ПРЕКИН НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 17

Наградната игра може да се прекине само во случај ако настапат околности за кои приредувачот на наградната игра не е одговорен, односно ако постојат околности кои приредувачот не можел да ги спречи, отстрани или избегне, a по добиена согласност и известување од страна на Министерството за финансии. Учесниците во наградната игра за прекинот на наградната игра ќе бидат известени по електронски пат или преку друг јавен медиум.

СОГЛАСНОСТ И СОБИРАЊЕ, ОБРАБОТУВАЊЕ И ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 18

Со самото испраќање на кодот преку СМС порака на бројот 145111 или преку веб страницата nagradnaigraladna.mk, учесникот се согласува неговите лични податоци (мобилен телефон) да бидат обработувани од страна на приредувачот со цел за учество во наградната игра.

Во согласност со Правилата, доколку учесникот биде известен дека е добитник на некоја од наградите предмет на оваа наградна игра, истиот се согласува неговите лични податоци да бидат обработувани од страна на приредувачот за остварување на легитимни цели односно законски обврски (име и презиме, адреса на живеење со улица и број, место и општина, место на престој како и ЕМБГ за доделување на добиената награда).

Ова вклучува собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување на личните податоци. Обработката и преносот на податоци од страна на приредувачот на наградната игра е со цел да се оствари промоција на производите и услугите кои се предмет на оваа активност односно полесно да се реализира и обработи секој учесник индивидуално во наградната игра во согласност со овие Правила.

Со учество во наградната игра, добитникот може дополнително да даде и согласност да биде фотографиран и снимен, а неговите фотографии и снимен материјал да се обработуваат за целите на наградната игра и истите да се објавуваат на медиуми (пишани, електронски, телевизија и др.)

Врз основа на оваа согласност, а доколку не постои друг законски основ, податоците ќе се чуваат согласно Законот за заштита на лични податоци и другите позитивни прописи во Р.С.Македонија во рок кој е неопходен за исполнување на сите цели и обврски од оваа наградна игра, но не подого од 30 дена по истек на последниот ден за испорака на наградите до добитниците.

Приредувачот се обврзува дека по исполнувањето на целите на наградната игра односно завршување на сите активности предвидени со овие Правила, согласно прописите за заштита на личните податоци во Р.С. Македонија, ќе пристапи кон уништување на личните податоци за кои нема законски или друг основ за натамошна обработка и чување.

Учесниците имаат право во секој момент да побараат нивните лични податоци да бидат избришани, како и да побараат информација од Приредувачот на наградната игра во врска со обработката на нивните лични податоци.

Приредувачот нема да ги употребува личните информации за никаква друга цел, освен за потребите на наградната игра. Личните податоци ќе бидат споделени со трета страна чие што учество во наградната игра е неизбежно, кои се обврзуваат да ги чуваат и обработуваат овие податоци согласно законот.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 19

Учесникот кој учествува во наградната игра ги прифаќа правата и обврските кои произлегуваат од Правилата на наградната игра. Правилата на наградната игра ги пропишува приредувачот на наградната игра, а истите се применуваат по добиената согласност која ја дава Министерството за финансии на Р.С.Македонија.

Правилата на наградната игра, со цел запознавање на потенцијалните учесници на истата, ќе бидат објавени јавно на веб страницата nagradnaigraladna.mk пред почетокот на наградната игра. За начинот на учество во наградната игра ќе се презентира преку објави на социјални медиуми, краток телевизиски спот и преку некои промотивни материјали изложени на местата на продажба во маркетите во кои се спроведува наградната игра (лифлети или постери или воблери или прајс-тагови или шелф-токери). Учесниците зa сите дополнителни информации ќе можат да се јават и на инфо телефонскиот број на приредувачот на наградната игра 02 3 228458 секој работен ден од понеделник до петок од 8:00 до 16:00ч.

РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЕВЕНТУАЛНИ СПОРОВИ

Член 20

Договорните страни се согласни сите спорови кои ќе произлезат од наградната игра да се решат спогодбено, а во спротивно надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје.



Приредувач

МАГРОНИ ДОО Скопје



Управител

Кире Ивановски

ДОБИТНИЦИ

ПОВРЗЕТЕ СЕ СО НАС

Facebook Instagram Youtube

МАГРОНИ ДОО - Скопjе

ул.Столтенбергова бр.2

1000 Скопjе, Република Северна Македониjа
тел/факс: +389 2 32 28 458